20.8 C
Skopje
сабота, 23 август 2025

Диего Симеоне никогаш претходно не го доживеал ова со Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид имаше неславен старт на новата сезона во шпанското првенство откако загуби со 2:1 на гостувањето кај Еспањол. Поразот на фаворизираниот гостин е уште поболен затоа што е со пресврт.

По првото полувреме Атлетико водеше со 1:0, но Еспањол не се предаде и домаќините со два гола во последните 20 минути од мечот направија целосен пресврт. Со овој пораз Атлетико прекина една убава традиција, а тоа е тимот да не губи на стартот во првото коло од новото првенство.

Атлетико немаше загубено во првото коло во Примера од 2009 година, кога во август со 3:0 загуби од Малага. По тој пораз следуваа 15 сезони во кои Атлетико осумпати стартуваше со победа, а седумпати играше нерешено.

Ако се знае дека Диего Симеоне на клупата на Атлетико е од 2011 година, тоа значи дека аргентинскиот тренер првпат започнува една сезона со мадридскиот тим со пораз.

„Мислам дека ова беше поучно искуство за мене. Нема да кажам сè, но она што го видов на теренот ќе биде лекција за мене. А она што го видовме беше како ги искористија своите шанси: прво од прекин, а дадоа и втор гол. Ја контролиравме играта до 60-тата минута, а потоа Еспањол постигна добар гол од прекин. Дотогаш сè одеше добро, но на крајот резултатот е разочарувачки за нас. Треба да работиме да ги коригираме направени грешки“, рече тренерот на Атлетико по поразот.

- Оглас -

Најнови вести