Диего Симеоне во 2020 година ќе одлежи суспензија од пред шест години

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, нема да смее да го води тимот во дуелите од Суперкупот на Шпанија кој ќе се игра во јануари. Тој треба да одлежи суспензија од четири меча која ја има добиено во 2014 година. Во тогашниот Суперкуп на Шпанија, Симеоне беше избркан откако жестоко протестираше кај еден од помошните судии.

Откако доби црвен картон, Симеоне целосно збесна и не сакаше да го напушти теренот, а започна и расправија со дел од публиката. Поради ова недолично однесување, популарниот Чоло беше казнет со осум меча суспензија, а потоа таа казна беше преполовена на четири меча.

Ако се знае дека оваа суспензија важи само за дуелите од Суперкупот на Шпанија, тоа значи дека Симеоне нема да биде на клупата во полуфиналето против Барселона. Во второто полуфинале Реал Мадрид игра против Валенсија. Победниците од овие мечеви ќе играат во борба за трофејот, а поразените нема да играат за трето место.

Суперкупот на Шпанија ќе се игра во периодот од 8 до 12 јануари во Џеда, Саудиска Арабија.

 

- Оглас -

Најнови вести