Дијамантот блесна: Елмас со највисока оценка во победата на Наполи

Елиф Елмас во новата сезона стартуваше како резерва во Наполи, но по само 35 минути игра доби шанса и влезе на дуелот против Венеција. Наполи беше со играч помалку, но на крајот победи со 2:0, а токму Елмас беше стрелец на вториот погодок.

По завршување на мечот, италијанските медиуми го потенцираа Елмас како еден од најзаслужните за победата. Според оценките добиени за играта, Елмас е оценет со 7-ца, што беше најголема оценка во тимот на Наполи. „Тој ужива голема доверба кај тренерот и свесен е дека со добра игра многу брзо може да напредува во хиерархијата во екипата. Одлично се движи со и без топка и има контрола на играта. Добрата игра ја круниса со голот за 2:0“, стои во објаснувањето за оценката која ја доби.

Освен Елмас, со 7-ца беа оценети само уште столбовите во одбраната Ди Лоренцо и Кулибали, како и капитенот Инсиње кој беше стрелец на првиот гол за Наполи. Самиот Елмас по мечот изјави дека најважно за него е да продолжи да игра добро и да напредува за да може уште повеќе да ја стекне довербата кај тренерот Спалети.

 

- Оглас -

Најнови вести