25.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Дијамантот ќе сјае во Сан Себастијан

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас се најде на листата на патници во тимот на Наполи кои ќе бидат во комбинација за настап на гостувањето кај Реал Сосиедад во утрешниот дуел од Лигата на Европа.

Елмас поради позитивен тест на корона-вирус беше во карантин, а по враќањето на тренинг, ја има приликата да заигра, и тоа на тешко гостување кај тим кој е во добра форма и моментен лидер во шпанската лига. Покрај Елмас, се враќа и Пјотр Зјелински, а отсутни се само Љоренте и Милик, кои и онака ги нема на листата на Наполи за мечевите во ЛЕ.

- Оглас -

Најнови вести