Монструозно убиство – Дијамантот од Порторико ја дрогирал трудната партнерка и ја фрлил од мост

Вистински шок во Порторико предизвика веста дека е притворен поранешниот боксерски дијамант, како што го нарекуваат Феликс Вердехо.

Монструозен е чинот на убиството на неговата партнерка и љубовница Кејшла Марлен Родригес Ортис, која е најдена мртва и за нејзината смрт е обвинет поранешниот Олимпиец, Вердехо.

Вчера 37-годишниот боксер и се предаде на полицијата во Сан Хуан, а во истрагата се вклули и Американското Федерално Биро, ФБИ.

Вердехо според обвинението ја дрогирал трудната љубовница, потоа ја фрлил од мост и пукал во неа од пиштол. Ако се потврди дека тој е сторител на монструозниот чин, ќе добие затворска казна, можно е дури да биде и доживотна.

Вердехо го нарекуваа боксерскиот дијамант на Порторико, беше многу талентиран и има само два порази на 29 меча како професионалец.

Во аматерската кариера во 2012 година го претставуваше Порторико на Летните олимписки игри во Лондон и беше поразен од легендарниот Украинец, Васил Ломаченко во лесна категорија со 14:9 во третото коло на боксерскиот турнир.

 

- Оглас -

Најнови вести