Вечерва е битката за трофејот на Африканскиот куп на нации. Сенегал или Мароко ќе ја има честа да застане на континенталниот трон во Африка. Мароко е селекцијата која ја има привилегијата да игра на домашен терен затоа што финалето ќе се игра во Рабат на стадионот кој може да собере речиси 70.000 гледачи.
За ова специјално финале има и специјална понуда. Брахим Дијаз е творецот на успехот на Мароко и постигнуваше гол на сите досегашни мечеви од овој турнир. Сега Дијаз да биде стрелец на првиот гол во финалето е со квота од 6.50, а да даде гол во тек на меч е 3.75. За Садио Мане да постигне гол во финалето, коефициентот е 4.50.
Инаку Сенегал прими само два гола во шесте меча на овој турнир и има пет победи и едно реми. Мароко има уште подобра одбрана и само еден примен гол на турнирот, па може да се очекува еден момент да биде решавачки и да се одлучи шампионот.


