Колумбискиот репрезентативец Луис Дијас се наоѓа на излезни врати од „Енфилд“, објавија англиските медиуми.
Веќе неколку недели се шпекулира со евентуалното заминува на Дијас од Ливерпул, а како што наближува крајот на сезоната, така стануваат сè погласни шпекулациите за неговото заминување, а весникот „Телеграф“ пишува дека следна дестинација ќе му биде „Паркот на принцовите“.
Според весникот, во ПСЖ го гледаат одличниот фудбалер како идеален наследник на најголемата француска ѕвезда и за многумина најдобар напаѓач на денешницата, Килијан Мбапе, кој ќе се пресели во Реал Мадрид.
Наводно, ПСЖ е подготвен да плати вистинско богатство за Дијас, се шпекулира со сума поголема од 100 милиони евра и за очекување е Ливерпул да ја прифати за да му овоможи за новиот тренер кој ќе го наследи Клоп да има голем буџет за носење засилувања по неков вкус.