Милан лесно ја победи Монца со 4:1 во меч од 11. коло во Серија А, а интересно е што Росонерите го примија единствениот гол од играч на Јувентус и тој беше феноменален.
Четвртиот гол на мечот го постигна 21-годишниот Филипо Ранокија со еврогол од слободен удар во 70. минута за почесен гол на Монца.
Ранокија игра за новиот италијански прволигаш како позајмен фудбалер од Јувентус.
https://twitter.com/juve_canal/status/1583873339994431488?s=20&t=teB23UD-72ICpdpVkwDgew
Претходно Брахим Дијас постигна два гола за Милан во првото полувреме, а првиот беше маестрален и тоа со асистенција на голманот Татарашану.
https://twitter.com/MilanPosts/status/1583855406111416320?s=20&t=teB23UD-72ICpdpVkwDgew
По еден гол за Милан постигнаа и Ориги и Леао против тимот на Монца, чиј сопственик е Силвио Берлускони, а директор е Адријано Галијани, тандем што во минатото имаше големи успеси кај Росонерите.