Дилема е само дали Македонија ќе загуби со повеќе од 7 гола или ќе биде „двојка“ со хендикеп

Македонската ракометна репрезентација од 18:30 часот ќе гостува на Португалија, во рамките од четвртото коло во квалификациите за Европското првенство, а квотите велат дека не можеме да се надеваме на чудо.

Пред само три дена, Португалија славеше во „Борис Трајковски“ со 29:23, па сега со триумф на домашен терен, селекцијата од Пиринеите само треба да потврди дека е најдобра во групата и да го осигура првото место. Селектор Кирил Лазаров го одбра составот со кои вечерва ќе се спротистави на Португалија.

Во оваа група се и уште и Турција и Луксембург, кои ќе играат попладнево. Турција пред четири дена славеше на гости кај Луксембург со 30:29.

- Оглас -

Најнови вести