Оние навивачи на Милан и Јувентус кои синоќа малку порано седнаа на своите места на трибините на „Сан Сиро“ имаа прилика да уживаат во фудбалското мајсторство на најпознатата италијанска спортска новинарка Дилета Леота.
Леота која неодамна се породи и има дете со голманот Лорис Кариус, покажа дека знае да жонглира, а не и пречеа многу ни мини здолништето и чизмите.
Потоа Дилета со поранешниот фудбалер Андреа Страмачони кој беше стручен аналитичар, си додаваа со глава без да падне топката, и тука Дилета сосема добро се снајде.
@dazn_it Diletta e strama sono già pronti per #MilanJuve ✨ #DAZN