Дилета мораше да бега од теренот во Фиренца (Видео)

Најпознатата фудбалска новинарка во Италија, Дилета Леота, викендов работно беше во Фиренца на дуелот Фиорентина – Лацио. Дилета се соочи со неочекуван проблем непосредно пред стартот на натпреварот во Фиренца.

Убавата Леота се подготвуваше во живо да даде извештај пред стартот на мечот и стоеше покрај аут-линијата. Во тој момент на теренот се вклучија прскалките и малку фалеше Леота да биде испрскана. Новинарката брзо реагираше и се повлече од теренот, а целата ситуација ја испрати со насмевка на лицето.

 

- Оглас -

Најнови вести