Дилета викендов ја менува Серија А за едно големо дерби во Шпанија

Најатрактивната и најпозната италијанска спортска новинарка, Дилета Леота во викендот кој престои нема да биде на ниту еден терен во Серија А. Леота е позната како новинарка која ги следи возбудувањата во најсилната фудбалска лига во Италија, но сега има нова мисија.

Леота веќе е во Шпанија и се подготвува за големото градско дерби меѓу Севиља и Бетис. На стадионот „Рамон Санчес Писхуан“, Севиља ќе биде домаќин на градскиот ривал, а италијанската новинарка ќе има работни обврски за ова дерби.

Како вистински домаќини од тимот на Севиља ја пречекаа Дилета со едно пријатно изненадување, а тоа е дрес со нејзиното име, бројот 10, и потпис од сите фудбалери од клубот.

- Оглас -

Најнови вести