Димарко е освежување во Серија А, шампионот му го продолжи договорот до 2026 година (Фото)

Федерико Димарко, левиот бек на Интер, го продолжи договорот со шампионот до 2026 година.

Одличните игри на дефанзивецот на Нераѕурите се наградени со нов договор, што значи дека тој ќе остане член на Интер најмалку уште пет години.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1474054906743070727?s=20

Интер му е матичен клуб, а играше и за Асколи и Емполи како позајмен играч, потоа за Сион, па се врати во Интер и повторно беше на позајмица во Парма и во Верона.

Оваа сезона играше стандардно за Интер, и тоа одлично, а собра 18 натпревари и беше дури и повикан во репрезентацијата на Италија за финалниот турнир во Лигата на нациите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести