Димевски му одговори на Борко со прашања на кои треба сами да си дадеме одговор!

Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, кратко по прес-конференцијата на Борко Ристовски, на која тој се закани дека ќе тужи во Лозана, одговори со прашалник и можни одговори на кои сами треба да си дадеме (дадете) одговор.

Во продолжение комплетниот прашалник на претседателот на МОК, Даниел Димевски.

Личен став на Даниел Димевски

Реторички прашалник

1. Дали знаете човек за кого Борко кажал добар збор?

А) Нема таков

Б) Ниеден

В) Не се сеќавам

2. Колку пати треба да му биде дозволено на Борко да навредува, да клевети и да се заканува на сè и секому:

 А) 3 пати

 Б) 10 пати

 В) Безброј пати

3. Сите Вие истакнати спортисти, спортски легенди, претседатели на спортски федерации итн.:

А) Го одобрувате поведението на Борко

Б) Не го одобрувате

В) Го осудувате

4. Дали би се однесувал Борко исто да немаше политичка поддршка и дали нешто кажал пред да почне политичка агенда?

 А) Немал став

 Б) Мудро си ќутел

 В) Не се сеќавам дека нешто кажал

5. Прашање за политичарите (минати, сегашни, идни):

Дали ќе го унапредите спортот со:

А) Навреди

Б) Клевети

В) Закани

Искрените одговори секому самиот пред себе ќе му помогне да изгради свој личен став на оваа тема која не е пријатна за никого, но е корисна за влечење поуки и заклучоци“, е одговорот на Димевски на прес-конференцијата на Ристовски.

 

- Оглас -

Најнови вести