Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски доби големо признание, откако е избран во „Тимот на сезоната 2024/25“ во Првата лига на Хрватска, објави Хрватскиот фудбалски сојуз. Овој избор претставува потврда за одличната сезона што ја имаше Митровски во дресот на Вараждин, каде што беше еден од клучните фудбалери.
Покрај него, во идеалниот тим се најдоа играчи од најсилните клубови во Хрватска, како Динамо Загреб, Хајдук Сплит, Ријека, Осиек и Истра 1961.
Ова е голем успех за 25-годишниот Митровски и одличен сигнал и за македонската репрезентација, која добива сè посериозен играч со континуирани добри настапи во силна лига.
Добитници на поединечни награди
Најдобар играч: Марко Ливаја (Хајдук Сплит)
Најдобар млад играч: Адријано Јагушиќ
Најдобар тренер: Гонзало Гарсија (Истра 1961)
Тим на сезоната 2024/25
Голман: Марко Маленича (Осијек)
Одбрана: Стјепан Радељиќ (Ријека), Дарио Марешиќ (Истра 1961), Роко Јуришиќ (Осиек)
Среден ред: Морис Валинчиќ (Истра 1961), Тони Фрук (Ријека), Јосип Мишиќ (Динамо Загреб), Мартин Батурина (Динамо Загреб)
Напад: Марко Ливаја (Хајдук), Димитар Митровски (Вараждин), Марко Пјаца (Динамо Загреб)