Ремито на Вараждин и Хајдук од 1-1, дополнително ја усложни работата на сплиќаните во битката за титулата во хрватската лига.
Хајдук уште во 16-та минута остана со човек помалку на терен, откако Диало доби црвен картон за удрање на Димитар Митровски. Македонецот и фудбалерот од Брегот на слонова коска си дофрлуваа нешто во средината на теренот пред Митровски да добие удар во ребрата, топката беше далеку од нив, па и судијата не виде што се случи, но беше повикан од ВАР собата.
Тренерот на Хајдук, Џенаро Гатузо, беше бесен после мечот и смета дека Диало не заслужил да биде исклучен.
Освен Митровски, за Вараждин цел меч одигра и Марио Младеновски, а Александар Трајковски остана на клупата за резерви во тимот на Хајдук.
Ситуацијата околу фаулот на Доало над Митровски е од втора до трета минута на видеото: