Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски е нов член на словенечкиот шампион Олимпија Љубљана, а Словенците објавија дека ова е најскап трансфер во истотријата на клубот, се спомнува сума од 1 милион евра.
Митровски имаше одлична сезона во дресот на хрватскиот Вараждин, а денеска официјално потпиша со Олимпија, клуб кој летово ќе настапува во квалификациите за Лигата на шампионите.
Договорот е со важност до 2028 година.
🇲🇰🪄 pic.twitter.com/umUJgKQAqo
— NK Olimpija Ljubljana (@nkolimpija) June 13, 2025
За две и пол сезони тој одигра 71 меч за Вараждин, постигнувајќи 13 гола, од кои 8 минатата сезона.
Митровски е роден пред 26 години во Скопје, почна во Работнички, а на 16 години замина во странство, прво во Германија, во младинските екипи на Ханза и Магдебург. Една година подоцна, се пресели во Спортинг Лисабон, играше и за Брера Струмица пред да замине во Вараждин.
Од Вараждин се простија од Македонецот, кој остави трага во клубот.
„Драг Дими, ти благодариме на посветеноста, енергијата и емоциите кои ги оставаше на терен. Среќно во новото поглавје“, порачаа од Вараждин.