Димитар освои 100.000 денари, но најави атак и на 10 милиони денари!

Првата етапа од акциската игра „до 50 шанси за 100.000 денари“ на Sport Life е комплетирана, а Димитар Младеновски е мајсторот кој заврши како најдобар и си заработи 100.000 денари. Младеновски е искусен обложувач кој успеа да погоди 43 мечеви на тикетот на кој имаше 50 парови. Шест средби беа промашени, а еден беше одложен, но и тоа беше доволно да биде најдобар и да се израдува на убавата добивка од Sport Life.

„Најмногу играм во Sport Life, и тоа најмногу поради интересните игри што ги има, но и сите промоции кои се нудат, а се вистински предизвик за обложувачите. Ги играм сите акциски игри и баш ми е мило што успеав во првата етапа да бидам најдобар“, вели Младеновски, кој додава дека не ретко му се случува да добие и ваучери од по 1.000 денари.

ТРИ ГОДИНИ СЕКОЈ ДЕН УПЛАЌА БАРЕМ ПО ЕДЕН ТИКЕТ

Искусниот обложувач вели дека најмногу сака да игра на логика и дека освен фудбал, на неговите тикети најчесто има хокеј и ракометни мечеви.

„Најчесто играм на фудбалски натпревари, но сакам да одиграм и на хокеј, како и ракомет. Цела фамилија пратиме ракомет. Сакам логика и математика, па затоа и кога составувам тикети најчесто играм комбинации како што се 1Х&0-3. Ретко играм на фиксови затоа што често знае да се случи дури и првиот со последниот да игра и да не победи. Редовно ги гледам табелите и формите на екипите како играат дома или на гости, а потоа се одлучувам како ќе одиграм. Во последните три години секојдневно уплаќам барем по едно ливче. Тоа не се големи пари, по 20 денари најчесто, но мора да имам тикет. Го сакам спортот, играм за забава, но нормално дека секоја добивка е добродојдена“, објаснува Димитар.

МИСИЈА МУ Е ДА ЈА ОСВОИ НАЈГОЛЕМАТА ДОБИВКА

Пензионерот Младеновски вели дека негова цел е да успее да ги освои максималните 10 милиони денари со еден тикет. Најчесто игра мечеви од најатрактивните лиги во Европа, но кога понудата е поскромна, знае да одигра и други дуели.

„Пред три години успеав да добијам 47.000 денари откако одиграв 13 парови на 3+. Мило ми е што сега освоив 100.000 денари, но мојата цел е да стигнам до максималната сума од 10 милиони денари. Правам и такви тикети на кои добивката е 10 милиони денари и верувам дека еден ден ќе имам и таков добитен тикет. Во хороскоп сум јарец, а за јарците велат дека се упорни, па јас нема да се откажам“, во шега додава победникот на првата етапа од „50 шанси за 100.000 денари“ во Sport Life.

ПОДАРОЦИ ИМА И ЗА ВТОРИОТ И ТРЕТИОТ ВО СЕКОЈА ЕТАПА

Во првата етапа, зад Младеновски, на второто место се пласира Златко К., кој исто така имаше 43 погодени меча, но вкупниот коефициент беше помал од тој на Димитар. Златко си заработи месечно обложување со вредносни ваучери од 100 денари секој ден. Третопласираниот во етапата е Ресул П. со 42 погодени пара, а за овој подвиг е награден со месечно обложување со вредносни ваучери од 50 денари секој ден.

Во тек е втората етапа на оваа одлична акциска игра на Sport Life, па не чекајте, проверете ги правилата и бидете дел од неа затоа што и вие може да заработите 100.000 денари.

- Оглас -

Најнови вести