Димитриевси зборува за дуелот против Белгија, но и за „конфликтот“ со Винисиус, за победата над Италија… (Видео)

Со 711 минути без примен гол, Столе Димитривски е рекордерот во македонската репрезентација. За жал таа рекордна низа заврши на мечот против Велс и тоа буквално во последните секунди кога гостите постигнаа гол за израмнување на 1:1 во 90+6 минута.

И покрај завршување на рекордната низа без примен гол, Димитриевски е оптимист дека Македонија ќе продолжи со добри резултати во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година. Популарниот Столе прослави и 10 години од дебито во националниот тим, а во специјаната емисија на ФФМ, голманот зборува за неговите најдобри моменти како во репрезентацијата, така и на клупски план.

Целиот разговор може да го проследите на фејсбук профилот на Фудбалска репрезентација на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести