Димитриевски четврти пат во седум кола успеа да ја сочува мрежата незатресена

Екипата на Рајо Ваљекано одигра 0:0 на гостувањето кај Кадис, во меч од седмото коло на шпанското првенство. Со овој освоен бод, Рајо Ваљекано стигна до 11 бода и моментално е на шестото место на табелата.

Еден од најзаслужните за освоениот бод на Рајо на теренот на Кадис е голманот на гостите Столе Димитриевски. Нашиот репрезентативен чувар на мрежата бранеше одлично и ги сопре сите налети на домаќините.

За Димитриевски ова е четврти меч сезонава во кој успева да ја сочува својата мрежа незатресена. Тој не прими гол ниту на дуелите против Алмерија (2:0), Гранада (2:0), Алавес (2:0) и сега во ремито без голови.

- Оглас -

Најнови вести