Валенсија и Алавес одиграа вистинска драма на „Местаља“, која на крајот им припадна на домашните со 3-2. Македонскиот репрезентативец, Столе Димитриевски, беше стартер за „лилјаците“, двапати беше совладан од Лукас Боје, а првиот гол беше од пенал. Сепак, на крајот Валенсија се радуваше на победата со голови во 90-тата и во 99-тата минута.
Хуго Дуро беше човекот на одлука, кој ја презеде одговорноста да го изведе пеналот во 99-тата минута, а на крајот беше и успешен за големи три бода за Валенсија во дуелот против директниот конкурент за опстанок.
Со оваа победа Валенсија се искачи на 12-тата позиција во Ла Лига со 32 бода, а Алавес е 16-ти со 27 поени.

