Столе Димитриевски и Рајо Валјекано продолжуваат со блексавите настапи во шпанската Ла Лига.
Во последниот натпревар од 14-тото коло ја совладаа Мајорка со 3:1 и со тоа дојдоа до 23 бода сезонава, односно шестото место на табелата.
Триумфот на домашните го обезбедија Гвардиола (16′) и Гарсија (20′), Трехо (63′).
Но Столе иако немаше којзнае колку работа, во 33-тата минута успеа да направи една фантастична интервенција, со којашто успеа да го спречи Антонио Санчез, кој излезе еден на еден со нашиот голман.
Се чини дека тоа му даде дополнителна сигурност на Рајо, кој доминираше во остатокот од мечот.
Сепак, домашната одбрана попушти во завршницата, каде што Пратс во последните мигови ја погоди мрежата на нашиот репрезентативец, но веќе беше доцна за некаков пресврт.
Рајо има два бода помалку од четвртопласираниот Атлетико Мадрид, а наредното коло ќе гостува кај Валенсија.