Димитриевски е најдобриот голман во првиот дел од сезоната на Ла Лига (ФОТО)

Столе Димитриевски брани фантастично во досегашниот дек од сезоната за Рајо Ваљекано.

Добрите настапи не останаа и незабележани од врвните сајтови коишто се занимаваат со статистики и оцени на играчите, па така, нашиот репрезентативец од сајтот www.whoscored.com е ставен како најдобар голман во есенскиот дел од сезоната.

Иако има уште четири натпревари за сите тимови да имаат по 18 натпревари, мала, речиси никаква е веројатноста дека ќе биде надминат.

Вкупната оценка за Столе во досегашниот тек од Ла Лига е 6,9, а натпревари каде што најмногу се истакна се: против Реал Сосиедад, каде што доби неверојатна оцена од 8,39 и во поразот на својот тим беше прогласен за најдобар играч, против Хетафе (8,28), Алавес (7,82), Барселона, каде што успеа да фати пенал на Депај (7,61), против Селта Виго (7,49) и на мечот со Еспањол (7,13).

Во лига каде што бранат, Марк-Андре тер Штеген, Јан Облак и Тибо Куртоа, тој доби највисоки оцени, што секако е за пофалба и восхит.
Тој блескаше и на последните натпревари на нашата репрезентација, а се надеваме дека ќе брани на исто ниво и во продолжение од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести