7.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Димитриевски е неверојатен, по 13 пат сезонава не прими гол во Примера

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски повторно беше херој на Рајо Валјекано, откако одигра без голови на гостувањето кај Валенсија. За Рајо ова е многу важен бод во трката за обезбеди опстанок во шпанското елитно друштво.

Димитриевски на ова гостување имаше дури пет одбрани на шутеви кои одеа директно во рамките на неговиот гол, а имаше и уште неколку добри интервенции, со кои едноставно ги откажа домашните фудбалери кои се обидуваа да стигнат до победата.

https://twitter.com/i/status/1789707610637177324

За Димитриевски ова беше 13 натпревар сезонава на кој не прими ниту еден гол, односно ја остави својата мрежа „чиста“. Со 13 средби во кои не примил гол е само уште Алекс Ремиро, додека лидер во оваа категорија е шпанскиот репрезнетативен голман Унаи Симон со 16 „чисти мрежи“ сезонава.

Интересно е дека оваа денешната добра игра на македонскиот репрезентативен чувар доаѓа во пресметка против Валенсија, тим за кој се шпекулира дека во летниот период може да го доведе токму Димитриевски во своите редови.

- Оглас -

Најнови вести