Димитриевски ги маѓепса напаѓачите на Валјадолид, одбрани и пенал за победа на Рајо Валјекано (Видео)

Столе Димитриевски бранеше брилијантно против Валјадолид, во финишот му одбрани и пенал на Мичел и е најзаслужен за победата на Рајо Валјекано од 1:0, со гол постигнат во 29. секунда.

Раул Де Томас и Алваро Медран одиграа извонредна акција на самиот старт на мечот, а Медран го постигна најбрзиот гол сезонава во Ла Лига. Погоди во 29. секунда за предност на гостите од 1:0, а се потоа беше во знакот на репрезентативецот на Македонија.

Димитриевски посебно се истакна во 41. минута и со извонреден рефлекс спаси израмнување.

https://www.youtube.com/watch?v=1z6KUraQ7AM&feature=player_embedded

Потоа повторно беше на висина на задачата во 60. минута кога на импресивен начин го спречи Кеко да погоди, а круна на блескавата партија дојде во 87. минута.

https://www.youtube.com/watch?v=YlXGyVp_syY

Абдулае Ба направи прекршок над Дује Чоп, судијата покажа на белата точка за Валјадолид, но повторно последна пречка за реми беше Димитриевски. Со парада му го одбрани пеналот на Мичел и му донесе многу вредна победа на Рајо Валјекано. Сега неговиот тим има 16 бодови, а шансите за опстанок во Ла Лига се значително подобри.

 

- Оглас -

Најнови вести