Димитриевски го освои првиот бод во Примера како голман на Валенсија

Валенсија одигра 1:1 на гостувањето кај Еспањол во одложен меч од 13-тото коло на шпанската Примера дивисион. Втор меч по ред на голот на Валенсија е Столе Димитриевски.

Македонскиот репрезентативец го презема местото на повредениот Мамардашвили и сега се израдува на првиот освоен бод во првенството како чувар на мрежата на Валенсија.

Еспањол прв даде гол, и тоа пред крајот на првото полувреме кога Пуадо го матираше Димитриевски. Валенсија веднаш возврати, кога на почетокот на вториот дел, во 47-мата минута Лопез израмни на 1:1.

По ова реми, Валенсија останува на дното на табелата само со 11 бода од 16 средби, додека Еспањол е со 15 бода и е на 18-тото место, кое исто така е во опасната зона за испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести