Голманот на Валенсија и на македонската репрезентација, Столе Димитриевски, синоќа во Скопје ја зачува својата мрежа против Летонија, а по натпреварот остави убава порака која беше испишана на неговата маица.
Столе победата сакаше да им ја посвети на луѓето погодени од трагичната поплава, која се случи на 29 октомври во многу општини на југот на провинцијата Валенсија. Димитриевски носеше маица со порака „За сите жртви на Валенсија. Напред Валенсијци“.