Димитриевски веќе се договорил со арапската Викторија, ама Рајо бара дупла отштета (Фото)

Столе Димитриевски веќе ги договорил личните услови со Ал Наср, најстариот клуб во Обединетите Арапски Емирати, но трансферот сега зависи само од Рајо Валјекано.

https://twitter.com/RudyGaletti/status/1482040283227426816?s=20

Клубот од Мадрид се надева дека ќе добие речиси двојно поголема отштета од 3.5 милиони евра колку што нуди арапската Викторија.

Тоа е прекарот на Ал Наср, првиот професионален клуб во ОАЕ, кој може да биде и следната дестинација на македонскиот репрезентативец.

Се шпекулираше дека Столе може да биде нов член на Барселона, но таа варијанта паѓа во втор план.

Димитриевски не беше во составот на Рајо Валјекано на минатиот меч во Ла Лига против Бетис, а нема да брани ниту против Жирона, утре во Копа Дел Реј што ги подгрева шпекулациите дека сепак може да го напушти клубот од Мадрид.

 

- Оглас -

Најнови вести