Њукасл и Рајо Валјекано договорија предновогодишен пријателски натпревар што ќе се игра на 17 декември на „Сент Џејмс парк“.
Популарните Чавки од Англија веќе почнаа со продажба на билети за овој меч што ќе се игра во паузата поради Мундијалот во Катар и се очекува сите да бидат продадени и да се игра пред повеќе од 52 илјади гледачи.
https://twitter.com/NUFC/status/1588456042119282688?s=20&t=R6tnbhlP_Mn-PHdZTUW0sA
За шпанскиот тим брани нашиот репрезентативец Столе Димитриевски и патот во Англија ќе му биде како загревање за дуелот со Гордиот Албион во квалификациите за Европското првенство во Германија во 2024 година.
Македонија ќе ѝ гостува на Англија на „Олд Трафорд“ на 19 јуни идната година, а во групата со нас се уште и Италија, Украина и Малта.