Димитриевски ќе му ја крои судбината за опстанок на Барди

Леванте успеа со гол во 90. минута да го победи Реал Сосиедад и да остане во трката за опстанок во Ла Лига, на меч на кој Енис Барди играше нешто повеќе од половина час за домаќините.

Со голот на Гонзало Мелеро од пенал во последните моменти од дуелот со гостите од Сан Себастијан, Леванте ги освои бодовите и се надева дека ќе успее да приреди подвиг и да го продолжи прволигашкиот статус во Шпанија.

Тимот од Валенсија во следното коло ќе му гостува на шамлионот Реал Мадрид, па игра дома со Алавес и потоа на „Валјекас“ во последното коло на Барди на гости му доаѓа Столе Димитриевски со Рајо Валјекано во меч што може да ја крои судбината на Леванте за опстанок.

Леванте е претпоследен со 29 бода и има меч повеќе од ривалите за опстанок. Пред нив е Гранада со 31 бод, а треба да се престигнат и Кадиз, или Мајорка, два клуба што имаат по 32 бода и се над зоната за испаѓање.

Последен е Алавес со 28 бода, но и тие имаат еден меч повеќе за играње од Леванте.

 

- Оглас -

Најнови вести