Димитриевски ќе се одбрани од Барди во Мадрид?

Петте предлози за денеска се комбинација од повеќе фудбалски лиги низ Европа. Најголемо внимание кај љубителите на фудбалот кај нас, предизвикува дуелот на Рајо и Леванте, на кој во двата тима ќе има по еден македонски репрезентативец, нешто што веројатно за првпат се случува во силната шпанска лига. Традицијата најавува многу голови на некои натпревари, малку на некои други, тука се и квотите на денот на SPORT LIFE. Прочитајте ги мини-анализите за средбите кои се наш избор за прогнозирање.

 

Евертон – Тотенхем (17.00 часот)

Евертон веќе четири натпревари по ред нема победа, екипата е како „ранет лав“ и затоа треба да се биде претпазлив при прогнозирањето. Меѓусебните дуели на овие два тима честопати биле ефикасни, а Евертон уште од 2012 година не знае за триумф над Тотенхем. Во минатата сезона, двата меча завршија со убедливи победи на лондонскиот тим (4-0 и 3-0).

Предлог тип: 1-3I&1-3II (2.00)

 

Хофенхајм – Мајнц (18.00 часот)

Домашните се во серија од пет ремија по ред во Бундеслигата. На последните шест меѓусебни дуели на овие тимови, секогаш паѓаа четири или повеќе голови. Хофенхајм на последните пет меча со Мајнц, дава три или повеќе голови, а дома има серија од четири триумфи по ред против денешниот противник.

Предлог тип: Т1 1+I& 1+ II (2.05)

 

Бордо – Амиен (17.00 часот)

Бордо е во налет, има четири победи на последните пет меча, а единственото реми во овој период е против моќниот ПСЖ. Бордо нема пораз од 28 октомври, и секако е фаворит против Амиен кого во минатата сезона дома го победи со 3:2. Гостите се познати по тоа што речиси никогаш не играат нерешено (едно реми во 17 кола и тоа уште во август).

Предлог тип: 1 (1.70)

 

Рајо Валјекано – Леванте (18.30 часот)

Ова е македонско дерби во Шпанија. Голманот Столе Димитриевски ќе се обиде да се одбрани од Енис Барди и другарите. Екипите се во различна позиција. Леванте сака на триумфален начин да ја заврши успешната година, а Рајо Валјекано со сите сили се бори за опстанок и трите бода му се многу потребни. Последните три лигашки меча на Рајо беа со 0-2 гола, а Леванте на последните два меча во Ла Лига, прими 9 гола. Во последните три и пол години, на дуелите на овие ривали, секогаш победувал тимот што е домаќин.

Предлог тип: 1 & 2-3 (4.45)

 

Бенфика – Брага (18.30 часот)

На ниту едно дерби во португалската лига сезонава не паднаа повеќе од два гола, па и вечерва во Лисабон веројатно ќе има тврд натпревар. Можеби еден потег ќе го одлучи победникот. Битка за титулата водат четири тима, Бенфика е четврта, но има само четири бода помалку од лидерот Порто, а бод помалку од Брага која ќе ја претекне ако ја совлада вечерва. Брага не знае за победа над Бенфика на последните 10 пресметки.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.30)

- Оглас -

Најнови вести