Димитриевски му одбрани стонастотна шанса на Левандовски, Рајо води против Барселона (Видео)

Рајо Валјекано одлично го започна дуелот против фаворизираната Барселона и води со 1:0 по 25 минути игра. Фран Гарсија погоди за 1:0 во 19-тата минута, а каталонскиот гигант потоа тргна многу поопасно во нападот, но засега нема гол во мрежата на Рајо Валјекано и тоа најмногу благодарение на голманот Столе Димитриевски.

Македонскиот репрезентативен чувар на претходните три меча против Барселона немаше примено гол, а и сега одлично брани. Во 22-рата минута, Роберт Левандовски имаше стонастотна шанса, но Димитриевски успеа да му го одбрани шутот на врвниот голгетер.

- Оглас -

Најнови вести