Голманот Столе Димитриевски е еден од клучните играчи во играта на Македонија. Димитриевски брани одлично и се очекува во таков стил да продолжи и утре на Астана арена проитв Казахстан.
„Имавме долг пат до Астана, но имаме позитивна енергија. Подготвен сме да го дадеме максимумот, да одиграме одличен меч како што беше пред три дена. Фокусирани сме и подготвени за овој меч. Нема да биде лесно како што луѓето мислат дека ќе биде. Очекувам мечот да биде многу цврст и тежок за нас. Против Белгија имавме претежок меч, мислам дека заслуживме и повеќе од еден бод. Сепак, ова сега е друг дуел. Имавме малку време за одмор, долг пат, но тоа е тоа што е. Таков е распоредот. Треба да се наполниме со позитивна енергија и да се обидеме да освоиме три бода“, вели Димитриевски.
Голманот знае дека Казахстан може да биде опасен, но дека сепак многу работи ќе зависат од играта на нашиот тим.
„Секако дека Казахстан има добри страни. Сакаат да играат модерен фудбал, да се обидат да создадат вишок играч и затоа мора да бидеме претпазливи. Затоа мора да бидеме дисциплинирани и фокусирани во текот на целиот меч“, заврши Димитриевски.