11.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Димитриевски не успеа да го одбрани Рајо од пораз

Еибар со пресврт и конечни 2-1 славеше против Рајо Валјекано во мечот од 30-тото коло во Ла Лига. Гостите беа во поволна позиција по првите 45 минути, откако Поцо донесе предност на пет минути пред паузата, но репрезентативецот на Македонија, Столе Димитриевски, не успеа да го одбрани својот тим од ново разочарување, па сега на Рајо му се заканува испаѓање од шпанската елита.

Чарлс и Леон во 64-тата, односно 74-тата минута го остварија пресвртот за Еибар, па му го нанесоа 18-тиот овосезонски пораз на Рајо.

Со 24 бода по 30 меча, Рајо стои на претпоследното место на табелата, заостанува шест бода од сигурната зона. Еибар, пак, сега е на 10-тото место со 39 бода.

Уеска и Селта Виго ремизираа при конечни 3-3, а гостите прокоцкаа два гола предност за на крајот да спасуваат бод. Мендес и Аспас погодија за 2-0 по еден час игра, а потоа домаќините во период од 10 минути постигнаа три погодоци и го свртеа резултатот во своја корист, но Будебуз во 81-вата минута избори бод за екипата од Виго.

Претходно, Атлетик Билбао со 3-2 издови триумф против Леванте, а македонскиот репрезентативец Енис Барди не беше во можност да настапи поради суспензија од жолти картони.

- Оглас -

Најнови вести