Димитриевски одбрани пенал, но залудно бидејќи Аѕурите по 45 минути имаат предност од три гола (Видео)

Селекцијата на Италија води со 3:0 по првото полувреме на „Олимпико“ во Рим против Македонија во мечот од претпоследното коло во квалификациите за пласман на ЕП кое идната година ќе се игра во Германија.

Аѕурите уште од првата минута тргнаа офанзивно кон голот на Столе Димитриевски и доминираа во првиот дел.

Тие уште во првиот напад на мечот, преку Ди Марко нафрлија во петерецот на Димитриевски, но одбраната беше на висина на задачата.

Првата шанса за Македонија ја имаше Елмас во петтата минута кога влезе во шеснаесетникот, но неговиот шут беше блокиран.

Во 12-та минута, Италијанците постигнаа гол, но беше поништен поради офсајд на Распадори.

Офанзивната игра на Италија вроди со плод во 16-та минута кога Дармијан го отвори резултатот.

Аѕурите желни за одмазда за поразот од Палермо, но и поради влогот, пласман на ЕП, продолжија со офанзивната игра и во финишот постигнаа уште два гола преку Киеза.

Претходно, во 38-та минута Димитриевски му го одбрани пеналот на Жоргињо.
но, Киеза во 42-та минута зголеми на 2:0, а во последните моменти од првиот дел, со прекрасен шут погоди за високи 3:0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести