Димитриевски: Притисокот го претвораме во мотивација, амбиција ни е да ја поминеме групата

Чуварот на мрежата на македонскиот национален тим, Столе Димитриевски, на денешната прес-конференција во пресрет на дуелот на Европското првенство против Австрија рече дека селекцијата е максимално мотивирана и добро се подготвува за првиот противник во Букурешт.

„Се чувствуваме спремни, добро го познаваме противникот, мотивирани сме, а притисокот што го имаме како дебитанти на вакво натпреварување го претвораме во мотивација за да одиграме одличен натпревар. Ги анализираме противниците, треба да бидеме подготвени за нивниот стил на игра, со топки кои ги протураат зад одбраната, имаат квалитетни играчи, како Арнаутовиќ, Алаба, имаат добри шутери, и се подготвуваме за таков вид противник. Атмосферата кај нас е феноменална, но не сме дојдени само колку да се појавиме, туку да одиграме три важни натпревари и да освоиме бодови кои ќе ни помогнат да одиме во следната фаза. Го исполнивме сонот да се пласираме на ЕП, сега сонот и амбициите ни се да ја поминеме групната фаза. Најважно ни е да не загубиме од Австрија, веруваме дека можеме да оствариме успех и да одиме понатаму“, изјави Димитриевски.

„Против Австрија подобро одигравме на гости отколку дома, но ова е нешто поразлично, бидејќи сега противниците имаат поголема почит кон нас, нема шанса за реванш. Одиме да извлечеме поволен резултат“, додава Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести