Столе Димитриевски бранеше одлично за Рајо Валјекано против Реал Мадрид и вели дека неговиот тим требаше да освои барем еден бод против шпанскиот гигант.
„Разочарани сме, бидејќи заслуживме повеќе од пораз од 0:1 против Реал. Одигравме цврсто во одбраната, а имавме голема можност да израмниме во финишот. Штета што не освоивме бод. Се надевам дека ќе го добиеме мечот со Леванте на домашен терен и со победа да ја завршиме годината“, вели голманот на Рајо Валјекано и на македонската репрезентација.
Карим Бензема успеа да го совлада во 13. минута, што се покажа како гол на одлука, а потоа Димитриевски имаше неколку одлични одбрани, што е особено важно кога се настапува на храмот на фудбалот на „Сантијаго Бернабеу“.
Тој потпиша за Рајо Валјекано лестоска. Пристигна во мадридскиот клуб од второлигашот Химнастик и по почетното прилагодување веќе е стандарден на голот на членот на Ла Лига.