Димитриевски се израмни по бројот на репрезентативни настапи со Милошевски: Горд сум што се израмнив со мојот идол

Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада Малта со 2:1 на стартот од квалификациите за пласман на ЕП 2024, а свој јубилеј имаше голманот Столе Димитриевски.

Димитриевски го одигра 60-тиот натпревар за националниот тим и се израмни со неговиот идол, Петар Милошевски.

Милошевски загина во сообраќајна незгода во 2014 година, но Димитриевски вели дека сите генерации голмани, и сегашни и идни, засекогаш ќе го паметат легендарниот голман.

„Сакам да ѝ се заблагодарам во овој момент на една личност како Петар Милошевски, кој оставил толку многу за македонскиот фудбал, поради што вечно ќе се сеќаваме на него. Горд сум што дојдов до 60 натпревари во репрезентативниот дрес израмнувајќи се со мојот идол Петар. Тој е еден од најдобрите голмани во историјата на Македонија и затоа сум среќен што го достигнав по бројот на настапи и дај боже да дојде некој по 10 или 15 години и да ме достигне и мене“, вели Димитриевски.

- Оглас -

Најнови вести