Валенсија одигра 1:1 на гостувањето кај Севилја во меч од 19 коло на шпанското првенство. Гостите од Валенсија беа на прагот од победа, но на крајот мораа да се задоволат со еден освоен бод.
Столе Димитриевски кој бранеше на шест од последните седум меча за Валенсија, сега повторно се врати на клупата за резервни играчи откако на голот се врати Ѓорѓи Мамардашвили.
Валенсија водеше со голот на Луис Риоха во 61 минута и се чинеше дека Лилјаците ќе го освојат целиот плен. Сепак, во 90+3 минута, Севилја со голот на Педроса стигна до 1:1 и се спаси од пораз. Двата гола може да ги видите ТУКА.
По ова реми Валенсија остана на дното на табелата со само 13 бодови, додека Севилја сега има 23 бодови и е на 13 место на табелата.