Рајо Валјекано го запиша вториот триумф по три кола по рестартирањето на сезоната во шпанскта Втора лига. На домашен терен Рајо славеше со минимални 1-0 против Фуенлабрада, во која македонскиот голман Столе Димитриевски ја сочува мрежата.
Столе веќе трет меч е прв избор на тренерот Хемес меѓу диреците и повторно ја оправда довербата со празна мрежа. Откако продолжи сезоната, Македонецот прими само еден гол, во ремито од 1-1 против Кадис во претходното коло. Инаку победата ја донесе Суарес од пенал во 63-тата минута.
Рајо со 10-тиот овосезонски триумф се изденачи со Елче на табелата со 47 бода и меѓу овие две екипи ќе се бие неизвесна битка за место во разигрувањата до крајот на сезоната.