Димитриевски во поинакво светло: Голманот кој има кафемат од 4.000 евра, добил необична „корпа“ од Карло Анчелоти (Видео)

Столе Димитриевски денеска немаше свој ден и поради една негова несмасна реакција, Рајо Валјекано прими гол, па дуелот против градскиот ривал Хетафе заврши 1:1. Сепак, овој кикс не може да ги избрише сите одлични одбрани на македонскиот репрезентативен голман, кој е еден од најдобрите во Примера дивисион.

Во едно интервју за весникот „Ас“, Димитриевски открива дел од неговиот живот, а тоа да не биде поврзано со фудбалот. Голманот открива дека е голем зависник од модата, но и од пиење кафе. Столе вели дека има малку специфичен стил на облекување што за многумина е неразбирливо, но тој ужива во неговиот начин на облекување.

„Не само што ја следам модата, туку сум и зависник од нејзе. Имам свој стил на облекување што за моите пријатели е малку чуден. Сакам да носам нешто необично, не е битно дали е бренд и кој бренд е“, вели Димитриевски, кој открива една интересна анегдота со тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

„Според мене Карло Анчелоти е вистински господин човек. Многу го ценам и токму затоа, кога игравме против Реал Мадрид во есенскиот дел од сезоната, кога ги победивме, дојдов до него и му го побарав кардиган. Немав среќа да го добијам, но можеби тоа беше затоа што ги победивме“, во шега открива Димитриевски.

Најдобриот макеедонски голман признава дека е зависник од добро кафе, па затоа решил дома во секој момент да може да ужива во овој негов „порок“.

„Кафето е моја страст, мое хоби. Сакам да пијам квалитетно кафе, па затоа неодамна си купив кафемат од 4.000 евра и така во секој момент ќе имам квалитетно кафе дома“, вели Димитриевски.

 

- Оглас -

Најнови вести