Димитријевиќ блеска во Еврокупот, се најде меѓу „Ѕвездите во подем“

По првата рунда, односно групната фаза во Еврокупот, спроведена е анкета на која одговараа генералните менаџери на екипите-учесници во второто по квалитет кошаркарско натпреварување во Европа.

Генералните менаџери се импресионирани од Ненад Димитријевиќ, нашиот репрезентативец, кој и оваа сезона бележи одлични бројки. Димитријевиќ во четири настапи, одржува просек од речиси 12 поени и 4 асистенции по натпревар.

Затоа, беше втор во изборот за „Ѕвезди во подем“, во кој Нено доби 16,7% од гласовите, пред него е само Виктор Вембанјама од Нантер со 20,8% гласови.

- Оглас -

Најнови вести