Македонскиот кошаркар, Ненад Димитријевиќ, беше најдобар поединец во полуфиналето од Купот на Германија, но за жал Баерн Минхен нема да игра во финалето.
„Баварците“ загубија од Бамберг со 103-97 по продолжението, откако мечот во регуларните 40 минути заврши нерешено, 83-83.
Нашиот кошаркар заедно со Вотсон беа најефикасни со по 24 поени, а Димитријевиќ на поентерското шоу додаде и пет скока и седум асистенции.

