Димитријевиќ е прв стрелец и најкорисен играч во квалификациите за ЕП

Ненад Димитријевиќ одигра неверојатен меч синоќа на гостувањето кај Литванија, постигнувајќи 43 поени за помалку од 30 минути поминати на теренот. Димитријевиќ се повреди на пет минути пред крајот и мораше да излезе од теренот, инаку можеше да ја надмине бројката и од 50 поени. За среќа, повредата на Нено не е сериозна.

Димитријевиќ не само што е најдобар стрелец во македонската репрезентација, туку тој е прв стрелец и воопшто во квалификациите за Евроското првенство кое следната година ќе се игра во четири земји (Полска, Финска, Кипар и Летонија).

Нашиот најдобар кошаркар досега има постигнато точно 100 поени во трите средби што ги одигра во квалификациите. Тоа значи дека во просек, Нено постигнува 33 поени по натпревар. На оваа листа по нашиот плејмејкер следуваат Клемен Препелич (Словенија), кој е на 24.7 поени, Марио Хезоња (Хрватска) со просек од 24 поени, и Торнике Шенгелија од Грузија кој е на 23.8 поени.

Ненад Димитријевиќ е и прв на листата на најкорисни играчи во досегашниот дел од квалификациите односно по четири одиграни кола.

Има просечни 30.7 индексни поени, а интересно, веднаш зад неговиот е ефектот на уште еден македонски репрезентативец, Етан Хап, кој на двата одиграни мечеви (ги прескокна последните два со Литванија поради повреда), има нешто пониски 30.5 со кои се далеку зад конкуренцијата.

Ја чинат Камар Болдвин, новиот натурализиран Американец во селекцијата на Грузија, со 25.5, Оскар Да Силва (Германија) и Лука Божиќ (Хрватска) кои се на ист број – индекс 25.

 

- Оглас -

Најнови вести