Димитријевиќ го одигра својот последен меч во дресот на Уникс, следна станица Италија

ЦСКА Москва ја освои титулата во регионалната ВТБ-лига откако со 4-1 во победи го совлада Уникс Казањ, за кого игра Ненад Димитријевиќ.

Вечерва Армејците славеа во Казањ со 66-55 за потврда на титулата, а тоа беше и најверојатно последен меч за најдобриот македонски кошаркар во дресот на Уникс. Нено имаше 9 поени и три асистенции за 34 минути игра.

Се најавува дека Димитријевиќ кариерата ќе ја продолжи во некој од италијанските евролигаши, прв фаворит за неговиот потпис е Армани Милано.

- Оглас -

Најнови вести