Димитријевиќ: Не сме само туристи, сакаме победа над Басконија

Четврт-финалето на Шпанскиот кошаркарски куп вечерва носи два натпревари во кои ќе настапат играчи со македонски пасоши. Од 19 часот, Хувентуд на Ненад Димитријевиќ игра со Басконија, а од 21.30 часот Естудијантес на Шејн Витингтон има градско дерби против европскиот и шпански првак Реал Мадрид.

Мечевите се играат во Мадрид. Ова значи дека Хувентуд и Басконија ќе се судрат на неутрален терен. Басконија повеќе од четири години не знае за пораз од каталонскиот клуб.

„Не дојдовме на Купот само како туристи кои се на одмор. Дојдовме да се натпреваруваме и да победиме. Мислам дека шансите за влез во полуфиналето се изедначени. Притисокот врз нас е помал, сакаме да ја искористиме шансата“, рече Димитријевиќ, кој ќе дебитира на завршните турнири во Купот.

Витингтон сезонава има две победи над Реал, по една во дресовите на Андора и Естудијантес, но во Купот е друга приказна и ривалот ќе биде мотивиран да ја одбрани титулата во својата сала. Неверојатен е податокот дека само двапати во историјата на Ф8 турнирите во Купот, пехарот го освоил клубот-домаќин, од 2012 наваму домаќините не биле ниту финалисти, а ова не му оди во прилог на Реал.

- Оглас -

Најнови вести