Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра одлично во поразот на неговиот Хувентуд на гостувањето кај Тофаш при конечни 91:76.
Димитријевиќ заврши како најефикасен играч од редовите на шпанскиот состав, кој речиси за 23 минути поминати на теренот реализира 15 поени и шест асистенции, а запиша и по еден скок и украдена топка. Учинок сличен на Нено имаше Харангоди, тој даде 15 поени и оствари пет скока.
Хувентуд го претрпе вториот пораз во фазата топ 16 од Еврокупот, со што си ги закомплицира шансите за пласман во четврт-финалето. Кај Тофаш најефикасни беа Браун и Вилијамс со по 20 поени.