Македонскиот кошаркарски интернационалец, Ненад Димитријевиќ, беше еден од најзаслужните за новата победа на Уникс Казан во ВТБ лигата. Клубот на нашиот кошаркар вечерва славеше со 78-84 на гостински терен против Руна Москва.
Димитријевиќ со 19 поени, колку што имаше и неговиот соиграч Маркос Најт, беа најефикасни во составот на Уникс Казан. Нашиот кошаркар на 19-те поени додаде и четири скока и осум асистенции.
Уникс Казан е второпласиран во ВТБ лигата, со една победа помалку од лидерот ЦСКА Москва.