Димитријевиќ не можеше сам: Македонија повторно загуби од Литванија

Кошаркарската репрезентација на Македонија и вторпат е поразена од Литванија, овој пат на гостински терен во Клаипеда со 94-72. Нашата селекција играше одлично, долго имаше и водство, но се се распадна на шест минути пред крајот на мечот кога се повреди Ненад Димитријевиќ, кој беше убедливо најдобриот поединец на паркетот со неверојатни 43 поени.

Македонија ја доби првата четвртина со 23-27, па на полувремето заминавме со водство од 43-46, а на моменти имавме и +6. Сепак, последната четвртина беше клучна. Домашните убедливо го добија периодот со 30-10 и на крајот победија со убедливи +22.

Ненад Димитријевиќ со 43 поени, четири скока и шест асистенции беше убедливо најдобриот поединец на мечот, но на шест минути пред крајот мораше да го напушти теренот поради повреда на мускулот.

Македонија останува со теоретски шанси за пласман на Европското првенство, бидејќи Полска изненадувачки ја совлада Естонија на гости со 86-88, па во февруари следната година ќе ни требаат две победи, против Полска дома и над Естонија на гости, но со повеќе од пет поени разлика, но и услуга од Литавнија која ќе мора да ги совлада естонците.

- Оглас -

Најнови вести