Кошаркарите на Црвена ѕвезда загубија од Баерн со 80-85 и направи сериозен чекор назад во борбата за директен пласман во плеј-офот од Евролигата.
Црвено-белите успеаја да се вратат од негатива од 15 поени во текот на втората четвртина и на почетокот на последниот период дури и поведоа. Иако играта не им функционираше најдобро, изгледаше дека со поддршката од публиката ќе стигнат до победа. Сепак, во завршницата застанаа, а германскиот тим предводен од расположените Ненад Димитријевиќ, Карсен Едвардс Мејс и Андреас Обст им зададе тежок удар.
Димитријевиќ мечот го заврши со 11 поени, четири скока и четири асистенции. Најефикасен во победничкиот тим беше Обст, а на натпреварот Монеке од Црвена ѕвезда со 22 постигнати поени.
Асвел направи изненадување и го победи Анадолу Ефес на гости со 88-91.

